Кипарскиот град на духови ќе заживее по половина век

135

Владата на Северен Кипар соопшти дека наскоро ќе го отвори напуштениот град Вароша кој некогаш бил популарно туристичко место.

Кипар во 1974 година беше поделен на два дела меѓу Турција и Грција. Оттогаш Вароша е “ничија земја“, пишува Bizlife.

На самиот почеток на седумдесеттите години на минатиот век, Вароша била топ-туристичка дестинација што ја обожавале и ја посетувале ѕвезди како Брижит Бардо, Пол Њумен и Елизабет Тејлор.

Премиерот на Северен Кипар, Ерсин Татар, ги соопшти плановите за одново отворање на градот кој некогаш имал сместувачки капацитети од 12.000 хотелски соби.

“Во моментов сме многу блиску до реализирање на плановите за одново отворање на градот“, рече Татар.

Тој додаде дека мора да се донесат дополнителни прописи и дека можно е одложување на плановите бидејќи следат избори. Татар сепак останува оптимист.

“По мое мислење, сѐ е подготвено. Климата се смени и свртивме нова страница. Овој град му припаѓа на Северен Кипар и никој не може да ни го земе“, рече тој.

Татар не кажа конкретен датум за отворањето на Вароша.