Кипарскиот туризам поради пандемијата загуби 2,24 милијарди евра

28

За периодот јануари – ноември 2020 година, Кипар загубил 85,4% од приходите од туризмот, односно 2,24 милијарди евра, во споредба со една година претходно, според податоците од Службата за статистика, пренесува МИА.

За 11 месеци од минатата година, приходите од туризмот се проценуваат на 382 милиони евра во споредба со 2,62 милијарди евра во за истиот период во 2019 година.

Од 15 март до осми јуни минатата година, поради мерките преземени од кипарската Влада за справување со пандемијата беше забранет влезот во Кипар за одредени категории, меѓу кои и туристите, а на почетокот на летото беа отворени аеродромите, но под строги протоколи и повторно само со за посетители од одредени земји, кои имаа добра епидемиолошка слика.

Фото: Freepik