Кит-Го и Тера маркети ќе доделат автомобил

93

unnamed

Автомобил Опел Астра Седан 2016 како главна награда, патувања во Прага, Виена, Истанбул и Будимпешта, летувања на Крф, Тасос и Халкидики, скутер, три велосипеди и 40 вредносни ваучери за пазарување во маркетите на Кит-Го и Тера се дел од вредните награди што ќе бидат доделени оваа сабота, на 1 октомври, во Штип. Главното извлекување од наградната игра Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети, ќе се одржи пред новоотворениот супермаркет Кит-Го во штипската населба Сењак, со почеток од 12.00 часот. Во извлекувањето ќе учествуваат сите досегашни и недобитни летоци од 12 града.

Настанот ќе биде збогатен со музичка програма и како специјални гости на главното извлекување ќе бидат Влатко Лозаноски и Антонија Гиговска. Извлекувањето е од јавен карактер и сите посетители ќе можат да го проследат, да уживаат во настанот и да бидат дел од многуте изненадувања и промоции, а домаќин и водител на настанот ќе биде Жарко Димитроски, заштитното лице на оваа наградна игра.

Со секоја направена сметка од минимум 300 денари во Кит-Го и Тера маркетите, потрошувачите добиваат купон и леток на каса, и можност да учествуваат во големата наградна игра Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети. Летокот се пополнува со личните податоци, на истиот се лепат добиените купони, а потоа се остава во означена кутија во самиот маркет.

Наградната игра на Кит-Го и Тера маркетите започна на 28 април годинава и се одвива во 12 градови низ државата, со три месечни извлекувања во Струмица, Неготино и Кочани, како и главното извлекување на 1 октомври во Штип, а учесниците се натпреваруваат за голем број вредни награди.