KitKat Chocolatory – луксузни KitKat чоколади од Nestlé

121

Швајцарскиот производител на чоколади Nestlé има нов, луксузен производ во својата палета. Станува збор за нова верзија на KitKat чоколада, којашто ќе биде достапна ексклузивно во Велика Британија пред Божиќните празници.

Новата креација КitKat Chocolatory не е евтина – едно парче чини 17 долари.
Од компанијата велат дека ќе бидат достапни дури 1.500 интересни вкусови како на пример, Earl Grey, виски и ѓумбир и егзотичен вкус којшто е наречен Jewels of the East.
“Ова е можеби досега најголема вест поврзана за KitKat чоколадите, откако истите беа за прв пат претставени пред 20 години“, велат оттаму.
KitKat Chocolatory ќе понуди премиум искуство како и можност корисниците да креираат сопствен вкус којшто ќе им биде испорачан до дома, пишува Guardian.
Новите чоколади ќе можат да се купат од 26 септември до Бадник (24 декември) во продавниците John Lewis во Велика Британија.
Фото: Nestle