Кланица со ладилник лани оствари добивка од 43.000 денари

27

klanica-so-ladilnik-strumica

Компанијата Кланица со ладилник од Струмица, од 01.01. до 31.12.2016 година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 43.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на пресметковниот период во 2015 година, компанијата прикажа 59.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба на крајот на декември 2016 година изнесуваа 61.797.000 денари, додека истиот период во 2015 година, тие беа на ниво од 69.850.000 денари.

Основна дејност на компанијата е колење и преработка на ситен и крупен добиток.