Кланица со ладилник од Струмица првото полугодие го заврши со 12,9 милиони денари добивка

26

klanica-so-ladilnik-strumica

Акционерското друштво Кланица со ладилник од Струмица првото полугодие од 2017 година го заврши со вкупна сеопфатна добивка од 12.917.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата прикажа добивка од 8.939.000 денари.

Во периодот јануари – јуни оваа година, вкупните приходи од продажба достигнаа 27.694.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 29.611.000 денари.

Основна дејност на компанијата е колење и преработка на ситен и крупен добиток.