Клуч по 112 години: Се затвора рудник и цементарница во Хрватска

66

По повеќе од еден век работа, цементарницата 10-ти коловоз во Мајдан, Хрватска, заминува во историјата, пишува Слободна Далмација.

На барање на компанијата Cemex Hrvatska, фабриката заедно со рудникот ќе биде избришана од Просторниот план на Сплитско – далматинската жупанија.

“Фабриката за цемент 10-ти коловоз не произведува клинкер од 2008-ма година. Пазарните околности во меѓувреме значајно се променија и годишниот капацитет на другите фабрики во целост ги задоволува потребите за домашниот и извозните пазари“, стои во образложението на компанијата Cemex Hrvatska.

Цементарницата е отворена во 1908 година, со што е една од најстарите на источната страна на Јадранот.

Фото: Pixabay