Кочоски од „Макстил“: Должност на работодавачите е да ја осигурат заштитата на здравјето и безбедноста на работниците

30

Системите за БЗР се дизајнирани да ги идентификуваат и минимизираат ризиците на работното место. Со оглед на ова, вреди да се има предвид дека должност на работодавачите е да ја осигурат заштитата на здравјето и безбедноста на работниците, како и да се консултираат со работниците и/или нивните претставници и да им се овозможи да учествуваат во дискусиите поврзани со безбедноста и здравјето при работа, вели во интервју за „Локално“ Владо Кочоски, Директор за безбедност и здравје при работа во Макстил .

Според него, многу важен дел е да се овозможи средина за создавање на превентивна безбедносна култура на работните места без разлика на полот, возраста, образованието, политичката припадност и останати потенцијално дискриминирачки елементи во секојдневието.

-Фокусот на безбедноста и здравјето обезбедува можност за подобрување на ефикасноста на деловното работење, како и за заштита на вработените, истакнува Кочоски.

Според него, ако направиме паралела на состојбата во областа на безбедност и здравје при работа во земјава од донесувањето на Законот за безбедност и здравје при работа од 2007 година до денес, може да се каже дека состојбата сѐ уште не е идеална, но има огромен напредок, благодарение на зголемената свест од страна на работодавците и вработените во однос на овозможување безбедна и здрава работна средина, безбедни и здрави вработени и сигурни приходи од дејноста на работодавците.