Кога Адидас и Гучи ќе ги здружат силите (ФОТО)

Германскиот спортски гигант сега ја додаде италијанската куќа Гучи на својата долга листа на дизајнерски брендови со кои имаше можност да соработува, а првите парчиња од нивната заедничка колекција дебитираа изминатиот петок на модната писта во Милано.

Одлично уживање за љубителите на спортската естетика на Адидас и модниот максимализам промовиран од дизајнерот Алесандро Микеле на чело на модната куќа Гучи.

Откако двата бренда ја објавија својата модна соработка на социјалните мрежи, неколку парчиња од оваа возбудлива колекција беа претставени во Милано како дел од новата колекција на Гучи за сезоната есен/зима 2022 година.

Покрај облеката, дизајнерот на Гучи откри и неколку модели на патики, а ова е нова голема соработка за германскиот спортски гигант, откако неодамна ги здружи силите со италијанска Прада за да создаде ограничена колекција на облека и патики.