Кога иднината зависи од тоа дали ќе изедете Snickers

43

reklama

Snickers направи нешто поразлично од серијалот со познати личности Ти не си ти кога си гладен. Овој пат иднината зависи од чоколадото на компанијата Mars.

Видеото е на агенцијата Impact BBDO од Дубаи.

“Како сè друго во животот, најдобар лек е нешто да се спречи да се случи. Им велиме на луѓето да земат чоколатце и да избегнат било какви непредвидени последици од однесувањето кога се гладни, како на пример да завршат изолирани во истражувачки центар на Јужниот пол”, вели креативниот директор на агенцијата Фади Јаиш за AdFreak.