Светот загрижено ја следи ситуацијата со смртоносниот вирус што започна на локален пазар во Кина, а се шири со огромна брзина во различни делови од светот.
Корона вирусот од здравствен, прераснува во економски проблем. Голем е бројот на светски компании што ги затворија своите претставништва во Кина, а и авиокомпании од повеќе земји ги запреа летовите кон и од оваа азиска земја.
Некои аналитичари стравуваат дека откако Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба, на светот му се заканува и избивање на глобална рецесија.
Корона вирусот сè повеќе ја изолира Кина, а сето тоа се рефлектира и врз економскиот потенцијал на земјата. Експертите уверуваат дека проекциите за раст на кинеската економија ќе имаат надолна ревизија, а последиците нема да ги почувствува само Кина, туку и други земји.
Што ќе се случува со кинеската економија во иднина, останува да се види, но едно е сигурно дека дури и најсилните економии се покоруваат на предизвици од широки размери.
Фото: Pexels