Кога ќе започне изградбата на пругата Белград – Ниш – Табановце

43

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајeн, испратила писмо до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во кое му се заблагодарува за “продуктивната средба во Брисел на 26 април“, пренесува Блиц.

Во писмото посочува дека особено се радува на соработката за големиот проект за модернизација на пругата Белград-Ниш-Прешево на границата на Србија со Северна Македонија.

Фон дер Лајен посочи дека проектот е “огромен чекор напред и важна пресвртница во нашите идни односи“ и додаде дека е среќна што овој проект се наоѓа во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, кој беше усвоен од страна на Европската комисија минатата есен.

Таа додаде дека “Комисијата веќе работи со полна брзина на реализација на проектот“.

Изградбата на пругата  од Белград, преку Ниш, сè до границата со Северна Македонија до Табановце во крајниот северен дел на таа земја, со поддршка на Европската унија, може да започне на пролет од следната година, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Како што пренесува Б92, Вучиќ објави дека изградбата на пругата Белград-Ниш-Табановце ќе започне на пролет 2022 година, а неодамна предвиде дека крајот на работите на таа пруга ќе биде во 2026 година.