Кога кутијата за ужинка во училиште е празна…

22

prazna-kutija-youtube

Фото: Youtube

Кратко и емотивно видео изработи Директоратот за деца, млади и семејни врски на Норвешка. Станува збор видео што треба да упати силна порака до сите дека, за жал, постојат деца во светот кои немаат што да јадат.

Главен лик во видеото е младо момченце кое за време на големиот одмор погледнува во празната кутија за ужинка. Ја замолува наставничката на кратко да излезе од училницата, а кога се враќа го чека вистинско изненадување… Неговите соученици одвојуваат од својата ужинка и ја ставаат во неговата кутија.