Кога можеме да очекуваме дека биткоинот ќе го достигне дното?

135

Крипто-аналитичар тврди дека идентификувал кога Биткоинот се стреми кон дното за време на „мечкиниот“ пазар.

Трговецот под псевдонимот „Рект Капитал“ им кажа на своите следбеници на Твитер дека БТК брзо се приближува до своето дно, кое историски има тенденција да се формира околу една година по претходниот пик на „биковиот“ пазар.

Историски гледано, БТК пазарите имаат тенденција да ја најдат својата апсолутна најниска цена приближно 365 дена по претходниот врв на биковиот пазар.

Поминаа речиси 300 дена од врвот на пазарот, па ако историјата се повтори, дното на БТК ќедојде за уште најмалку два месеци.

Според аналитичарот, со оглед на тоа што најголемата криптовалута според пазарната капитализација се спушта на дното на „мечкиниот“ пазар – време кога трговците треба да го искористат падот – расположението на инвеститорите е негативно.

БТК е се поблиску до ставање крај на опаѓачкиот тренд на „мечкиниот“ пазар, полека достигнувајќи ја точката на максимална финансиска можност.

Парадоксално, ова е време кога повеќето инвеститори се најочајни, исплашени, песимисти за БТК.

„Рект Капитал“ додава дека е важно инвеститорите да одржуваат проактивен инвестициски начин на размислување наместо пасивен.

„Прашањето не треба да биде „дали БТК ќе падне на нови ниски вредности?“.

Прашањето треба да биде „што ќе правам ако БТК падне на нови ниски вредности?”.

Првото прашање претставува реактивен, пасивен инвестициски начин на размислување

Второто прашање претставува попроактивен, помоќен начин на инвестирање“, дециден е тој.