Кога сите заедно одиме кон иста цел, ги делиме истите амбиции, тоа е вистинската вредност на една компанија

53
sl1
Горан Арсовски, комерцијален директор на Жито Маркети

“За мене е успех тоа што во оваа година пораснавме за 15 маркети, за толку се зголеми нашето семејство и повеќе од стотина вработени станаа дел од нашата заедничка цел. Успех е тоа што со нашата работа обезбедуваме сигурна егзистенција за повеќе од 600 семејства, тоа што нашите вработени се среќни, што ја имаме довербата на илјадници потрошувачи кои редовно пазарат кај нас. Можеби најмногу од сè, успехот на Жито маркети го гледам во секојдневната посветена работа, заложба и грижа на секој еден вработен. Кога сите заедно одиме кон истата цел, ги делиме истите амбиции, имаме волја, желба и простор за поголеми успеси, тоа е вистинската вредност на една компанија”, вели Горан Арсовски, комерцијален директор на Жито Маркети. Компанијата минатата година прослави 25 години постоење, а оваа година ќе останат доследни на својата визија, да го направат Жито подостапен маркет на што е можно поголем број граѓани, што подразбира ширење на мрежата и отворање на нови работни места.

БИ: За Жито Маркети 2014 беше година на одбележување на 25-годишен јубилеј, но исто така и динамична година на растење и развивање. На што се должи тоа?

Навистина, измината година беше исклучително значајна за Жито Маркети од повеќе аспекти. Несомнено значајно беше тоа што го одбележавме нашиот 25-годишен јубилеј, но исто така успеавме да го издигнеме Жито Маркети еден степен повисоко. Со зголемувањето на бројноста на маркетите секако заземаме и поголемо парче од пазарот. Дисциплинираната работа и посветеноста секогаш одат во прилог на постигнување добри резултати и исполнување на целите, а нашите цели се што повеќе купувачи кои својата доверба ќе ни ја дадат нас. Но, самото тоа не би било доволно доколку не се потрудите да се издвоите од конкуренцијата, да бидете посебни и единствени. Ние како компанија навистина се посветивме на нашите купувачи со тоа што создадовме место каде што купувачите добиваат многу, одлична услуга, секогаш достапна, голем избор на производи со врвен квалитет и многу пристапни цени. На купувањето во Жито Маркети му дадовме дополнителна вредност, така што купувачите добиваат повеќе за дадените средства.

2

БИ: Според постигнатото, се сметате ли за успешна компанија и според Вас која е формулата за успехот во овој бизнис?

Успехот е променлива вредност која што зависи од повеќе фактори. Само некои од нив се препознатливоста на пазарот, перцепцијата што купувачите ја имаат за вас, зависи од тоа како конкуренцијата гледа на вас. Исполнувањето на поставени цели, исто така може да се гледа како успех, доколку се правилно поставени. Но, според мене и моето искуство во Жито Маркети, успехот се мери и со други вредности. Не е само бројка, не е штиклирање на листата со зададени задачи. Бројките се успех, но не оние финансиски показатели, туку бројките што кажуваат една убава, успешна приказна, приказна за растење, проширување и зголемување на она што ние го имаме како семејство. За мене е успех тоа што во оваа година пораснавме за 15 маркети, за толку се зголеми нашето семејство и повеќе од стотина вработени станаа дел од нашата заедничка цел. Успех е тоа што со нашата работа обезбедуваме сигурна егзистенција за повеќе од 600 семејства, тоа што нашите вработени се среќни, што ја имаме довербата на илјадници потрошувачи кои редовно пазарат кај нас. Можеби најмногу од сè, успехот на Жито маркети го гледам во секојдневната посветена работа, заложба и грижа на секој еден вработен. Кога сите заедно одиме кон истата цел, ги делиме истите амбиции, имаме волја, желба и простор за поголеми успеси, тоа е вистинската вредност на една компанија.

БИ: Што е најголемата вредност во Жито Маркети и како го создавате заедништвото што владее?

Од самото основање и до ден денес, во Жито Маркети се поставени и доследно се почитуваат вредностите одговорност, чесност, доверба и интегритет. Всушност, во изминатите 25 години овие вредности беа наш двигател кој ни го покажуваше патот по којшто треба да се движиме. Врз основа на овие вредности успеавме да создадеме убава и пријатна работна атмосфера за вработените. А понатаму, токму хармоничната атмосфера во една работна заедница, колектив придонесува за купувачот да се чувствува пријатно при секое влегување во некој од нашите маркети. Кога ќе наиде на културен и услужлив прием, кога ќе се увери дека вработените се тука да му помогнат, тој ќе се врати повторно. Затоа, би потенцирал дека, без дилема, најголемата вредност на Жито маркети се вработените, тие се нашиот највреден капитал и воедно инвестирањето во нив е нешто што секогаш се враќа со позитивен ефект. Покрај задоволството на вработените, што ни е постојана грижа, се инвестира и во нивни обуки и надградување, дообразување, а подеднакво во вложува и во подобрување на условите за работа.

sl3

БИ: Важите за компанија каде се негуваат вистинските човечки вредности, како го правите тоа?

Првиот чекор на градење и негување човечки вредности започнува со грижата за другиот, кога ќе станете свесни дека некој има потреба од помош и дека дури и вашата мала пожртвуваност за некого може да значи многу. Така се гради хуманоста и сочувството со другиот, а се демонстрира со дела. Повторно ќе го потенцирам правилниот систем на вредности кој е воспоставен во Жито Маркети, што понатаму придонесе како компанија нашата грижа за заедницата и околината да ја спроведеме во дела. Отворено зборувам за нашата социјално општествена улога затоа што во досегашните активности таа произлегла како идеја и иницијатива од вработените, што со задоволство беше прифатена од целиот менаџмент. Денес сите подеднакво вложуваме во успешноста на нашите социјално одговорни активности. Истата хуманост ја покажавме и за нашите соседи кога нивните домови беа разорени од страшните поплави, а сега во моментов се одвива нашата најголема хуманитарна акција именувана Навика да добивам повеќе. Оваа кампања е директно поврзана со нашата лојална картичка. Оваа кампања се одвива во сите наши маркети, а од собраните средства веќе дониравме во болницата во Велес, а понатаму ќе следат донации во одредени здравствени и социјални институции во секој од градовите каде што постои барем еден наш маркет. Тоа значи дека секој од граѓаните ќе донира за нешто што може да биде корисно лично за него, неговото семејство или за непосредната околина. Тоа ќе биде досега нашиот најголем придонес кон поттикнување на хуманоста, а сигурен сум дека понатаму ќе создадеме уште поголеми и позначајни социјално одговорни кампањи.

БИ: Какви се очекувањата и предвидувања за оваа година?

И покрај неизвесните очекувања и прогнози, наша задача е и оваа година да останеме доследни на нашата визија, да го направиме Жито подостапен маркет на што е можно поголем број граѓани, што подразбира ширење на мрежата и отворање на нови работни места. Тоа може да се постигне само со посветена работа. Со сигурност ќе останеме доследни и на досегашната практика, давање на дополнителна вредност на купеното, односно изнаоѓање на нови начини за истото. Мора да останеме оптимисти, бидејќи можностите варираат во различни состојби, можат да се зголемат, ако знаете како да ги искористите. Убеден сум дека доколку го задржиме сегашното ниво на функционирање или успееме да го подигнеме еден степен погоре, резултатите од сработеното ќе бидат уште повидливи и порепрезентативни.