Кога вашиот пријател ќе стане ваш шеф

25

prijateli

Фото: Pixabay

Вашиот пријател доби унапредување. Секако сакате да бидете среќни за големата и важна промена, но сепак имате измешани чувства. Се прашувате дали добриот однос што сте го имале досега ќе остане ист и не сте сигурни што треба да направите.

Борба со чувствата

Експертите велат дека измешаните чувства во овие случаи се сосема нормална појава. Нема потреба да чувствувате вина ако заедно со добрите чувства доаѓа и по некоја негативна емоција. Љубомората, самосожалувањето и сите работи кои ги чувствувате по промената се природна појава.

Важно е само да се контролирате и да не им дозволите на овие емоции да испливаат. Фокусирајте се на работата и смирено прифатете го фактот дека пријателот е сега ваш шеф.

Внимавајте на однесувањето

Вашиот стар пријател и нов шеф тукушто зачекори во нова работна позиција, сам/а со нови проблеми и притисоци, барања и одлуки што треба да ги донесе. Токму затоа, наместо да се грижите што шефот ќе може да направи за вас, погрижете се да му/и помогнете да успее во новата позиција.

Само така може да имате корист и вие и шефот и компанијата. Со желбата да помогнете ќе ви се средат чувствата, ќе ја вратите самодовербата и повторно ќе го изградите оној однос што порано сте го имале.

Како да се поставите

Разјаснете ги новите улоги и бидете што попрецизни во тоа. Покажете почит во однос на новата позиција на пријателот.

На состаноците поставувајте прашања и коментирајте во еден позитивен тон со што ќе ја донесете дискусијата блиску до целта.

Покажете се на дело. Сега е добра шанса да демонстрирате дека можете да се справите со повеќе одговорности.

Бидете проактивни и преземете иницијатива. Конечно имате шеф кој верува во вас.