Кои автомобили исчезнуваат од пазарот годинава? Крај за популарниот мал градски автомобил…

91

Има неколку модели на возила на кои ќе им кажеме збогум оваа година, а најлошото е што еден од нив е клучен европски модел за купувачите со поплитки џебови. Станува збор за Ford Fiesta, чие производство завршува оваа година. Тоа е автомобилот кој најмногу ќе ни недостига бидејќи покрај фер цена нудеше и одлични возни карактеристики со квалитетни мотори. Малиот градски автомобил можеби ќе се врати како електричен автомобил, но засега е само можеби!

Друг автомобил кој исто така ќе исчезне од пазарот е Audi R8, иако има се повеќе информации дека ќе добие електричен наследник. Германците и оваа година престануваат да го произведуваат добро познатиот Audi TT, пишува Хак Ревија.

Ferrari Portofino M ќе му отстапи место на Roma Spider. Mercedes-Benz ќе стави крај на производството на неколку купеа и кабриолет од својот каталог.

По 18 години, Крајслер 300 се прекинува. Kia, наводно, го прекинува производството на седанот Stinger оваа година, кој беше еден вид напаѓач на германските премиум автомобили од средната класа, како што е серијата 3.