Кои беа милијардери пред една деценија

59

Најбогатите 400 Американци имаат рекордно богатство од 3,2 илјади милијарди долари, што е за 240 милијарди повеќе во однос на 2019-та година. Основачот на Amazon, Џеф Безос има богатство од 179 милијарди долари, што го прави најбогат на планетата три години по ред, пишува магазинот Forbes.

Но Безос не беше број еден многу долго, бидејќи е еден од “новопечените“ топ 10 милијардери, но има и такви како што е семејството Валтон, што со децении наназад се наоѓало меѓу најбогатите во светот.

Според податоците на магазинот, во 2010 година најбогат бил основачот на Microsoft, Бил Гејтс, со 54 милијарди долари, зад него е неговиот пријател и основач на Berkshire Hathaway, Ворен Бафет со 45 милијарди долари. Првата најбогата петорка ја формираат и: Лери Елисон (американски бизнис магнат) со 27 милијарди долари, Кристи Валтон (сопруга на еден од синовите на основачот на Walmart, Сем Валтон) со 24 милијарди долари и Чарлс Коч (главен извршен директор на Koch Industries) со 21,5 милијарди долари.

Пет години подоцна, според Forbes, Бил Гејтс ја задржува лидерската позиција со 78,7 милијарди долари, а меѓу петте најбогати таа година беа милијардерите: Ворен Бафет (63,8 милијарди долари), Џеф Безос (57,8 милијарди долари), Лери Елисон (48 милијарди долари) и Марк Цукерберг (48 милијарди долари).

Денес, Безос изби на прво место со богатство од 179 милијарди долари, зад него е Гејтс со 111 милијарди долари, основачот на Facebook, Цукерберг е трет со 85 милијарди долари, зад нив е Бафет со 73,5 милијарди долари и Лери Елисон со 72 милијарди долари.

Фото: Freepik