Кои беа најтргувани акции на берзата минатата недела?

34

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, НЛБ Банка и Комерцијална банка се најтргувани хартии од вредност на Македонска берза, во период од 13-ти до 17-ти јануари, покажува Неделниот преглед.

Податоците покажуваат дека прометот во тој период се позиционираше на 3.140.565 евра или 164,96% повеќе во однос на претходната недела. Во тој период, од 13-ти до 17-ти јануари, реализирани се 614 трансакции, што е 132,58% повеќе во споредба со една недела претходно.

Пазарната капитализација, според неделниот преглед, достигна ниво од 3.331.517.990 евра, односно 0,10% повеќе во однос на неделата претходно. Пазарната капитализација, пак, на 17-ти јануари, се позиционираше на 1.941.968.621 евра. Индексот МБИ10 на истиот тој ден имаше вредност од 4.872,39 поени.

Фото: Pexels