Кои економски сили ќе доминираат во 2050 година

75

За 30 години, повеќето од најголемите економии во светот ќе бидат оние што се развиваат денес. Тие во иднина би можеле да ги надминат големите сили како САД, Јапонија и Германија.

Брегзит, пандемијата и трговските тешкотии донесоа економски падови, но и покрај овие предизвици, се предвидува светската економија да расте со брзо темпо во следните неколку децении.

Се предвидува дека глобалниот пазар да се удвои до 2050 година, иако Организацијата на Обединетите нации (ООН) предвидува дека светската популација ќе порасне за само скромни 26%, пишува BBC.

Овој раст ќе донесе многу промени. Иако е предизвик да се предвиди како ќе се одвиваат работите во иднина, повеќето економисти се согласуваат за една работа – денешните пазари во развој ќе бидат утрешните економски суперсили.

Според извештајот на една од најголемите меѓународни сметководствени компании во светот, PwC, списокот на светски економски сили во 2050 година ќе изгледа вака:

1. Кина

2. Индија

3. САД

4. Индонезија

5. Бразил

6. Русија

7. Мексико

9. Германија

8. Јапонија

10. Велика Британија

Фото: Pixabay