Кои градови се најповолни за водење бизнис? На листата се седум европски

На листата на 20 најповолни градови за бизнис во светот, дури седум се од Европа, додека Њујорк е на прво место.

Кога станува збор за Европа, Лондон го зазема водечкото место и исто така е втор на официјалната листа, пренесува Независне.

Потоа, тука се Сингапур, Хонг Конг и Сан Франциско. Женева забележа најголем раст на листата, скокајќи од минатогодишното 23. место на 10. позиција.

Аналитичарите истакнуваат дека регулаторната средина на Швајцарија и ниското ниво на корупција претставуваат огромни предности за финансиската сила на нејзините градови.

Франкфурт, домот на Европската централна банка, се искачи од 17. на 14. место, додека Париз падна од 14. на 15. место.

Други европски градови во топ 20 се Луксембург (16 место), Цирих (18 место) и Амстердам (19 место).