Кои градови се најскапи за живот?

60

Хонг Конг, Токио и Сингапур се трите најскапи градови за живот, според листата на консултантската куќа Mercer.

Меѓу првите 10 градови, во коишто животот е најскап, се најдоа и: Сеул (Јужна Кореја), Цирих (Швајцарија), Шангај (Кина), Ашгабат (Туркменистан), Пекинг (Кина), Њујорк (САД) и Жен Шен (Кина).

Од земјите во регионот, грчката престолнина е на 128-мо место, Љубљана е 142-ра, Загреб едно место подолу. Тирана е 166-ти најскап град, Софија е на 177-мо место, Белград е 181-от најскап град во светот, Сараево на 194-то место.

Од вкупно 209 градови во светот, Скопје ја зазема 201-ва позиција. Трите најевтини градови во светот се: Карачи (Пакистан), Ташкент (Узбекистан) и Тунис (Тунисија).

Во анализата предвид се земени повеќе фактори, меѓу кои се: храна, алкохол и цигари, облека и обувки, лична хигиена, транспорт, рекреација и забава и други.

Фото: Pixabay