Кои компании во Македонија би успеале да ја преживеат короната

155

Мал број на индустрии во светот и кај нас може да се пофалат со успешно работење покрај корона кризата без да влезат во вртлогот на неизвесност. Сепак, ако погледнеме наназад неколку недели и месеци, постојат трендови и показатели во економијата кои јасно оцртуваат ‘фото робот’ на компании што би можеле да ја надминат кризата или да излезат со помалку последици.

Македонија е мала земја со мал пазар, па не е имуна на сите предизвици што ги донесе здравствената и економска криза којашто се рашири глобално. Бројот на активни деловни субјекти во земјава во 2019 година изнесува 75.914.

Следејќи ги глобалните искуства ова се предусловите кои компанијата треба да има за да остане на нозе.

Компанијата е свесна за значењето на дигитализацијата и се потпира на дигиталните деловни модели и користи дигитални решенија.

Се прилагодува на новонастанатата ситуација и користи дигитален маркетинг како дел од стратегијата за закрепнување.

Компанија што продава и онлајн. Вклучена е во меѓународни ланци за снабдување, што го олеснува пробивањето на пазарот и постојано воведува нови производи.

Онаму каде што е можно дел од работниците компанијата испратила да ги извршуваат работните задачи од дома. Вработила нови работници, бидејќи одреден сегмент во нејзиното работење се зголемил.

Компанијата врши проценка на ризик, инвестира во финансиско советување и има план за закрепнување.