Економската криза што трае веќе неколку месеци, и очигледно сè уште нема намера да се смири – влијае негативно на многу работни места. Луѓето добиваат откази, особено во Соединетите држави, а во иднина нема да има потреба од некои професии.
Она што е сигурно е дека деловните и технолошките сектори ќе продолжат да цветаат. Ова се заклучоците, направени по обемното истражување на Американското биро за статистика на трудот, пренесува Business Insader. Со оглед на глобализацијата, експертите велат дека овие предвидувања се однесуваат за скоро целиот свет.
ИТ секторот е еден од најплатените во последно време и овој тренд ќе продолжи. Програмирањето исто така е “рамо до рамо“ со тоа, па ако само сега размислувате за тоа што ќе направите во животот – размислете за овие ветувачки професии. Исто така добро платен и ценет е дизајнот.
Според студијата, од 2018 до 2022 година во оваа индустрија ќе работат 42.200 работници, а минатата година просечната плата во ИТ секторот, на годишно ниво, била 77.733 евра.
А, кога станува збор за ИТ, тука е и развојот на софтвер, кој масовно ќе биде насочен кон медицински апликации во наредните години. Се претпоставува дека во периодот од 10 години (од 2018 до 2028 година), во таа област ќе бидат отворени 42.600 работни места, со просечна плата од 2019 година, од 94.377 евра.
На светот ќе му требааат менаџери во наредните години, од ИТ менаџери до финансиски, оперативен, маркетинг. Клучните вештини, идеални за секоја работа, се и ќе бидат: ефикасност во работата и организација, брзо и квалитетно спроведување на проектот, дигитална комуникација.
Бројот на менаџери од 2018 до 2028 година ќе се зголеми за 110.630, а оние кои веќе работат како раководители – во 2019 година, заработиле во просек 60.132 евра. На индустријата ќе недостигаат скоро 50.000 ИТ менаџери во следните осум години, а финансиски – дури 104.700. Сепак менаџерите за ИТ ќе им бидат подобро платени, со просечна годишна плата од 128.480 евра. Исто така, ќе бидат потребни големи стратешки и оперативни менаџери до 2028 година, а за нив е предвидена плата од 88.469 евра.
Фото: Freepik