Кои се 10-те најголеми банки во светот

9

Кина ги има најголемите банки во светот, но американските банки се многу поефикасни, покажува истражувањето на The Banker.

Во анализата на The Banker се вклучено 1.000 банки ширум светот, рангирајќи ги врз основа на Tier 1 капитал, мерка што ја користат регулаторите за проценка на финансиското здравје на банката.

Меѓу првите 10 најголеми, првите четири се кинески, потоа четири се американски, една е британска и една јапонска.

Ова се 10-те најголеми банки во светот:

ICBC – Кина

China Construction Bank, Кина

Agricultural Bank of China, Кина

Bank of China, Кина

JP Morgan Chase, САД

Bank of America, САД

Wells Fargo, САД

Citigroup, САД

HSBS, Велика Британија

Mitsubishi UFJ, Јапонија

На глобално ниво, профитот што го прокнижуваат банките оваа година е на ниво од 1.135 милијарди долари, лани 1.112 милијарди долари, а за споредба во 2009 година изнесуваше само 115 милијарди долари.