Кои се 5-те најбарани професии во Хрватска

40

Индексот на слободни работни места OVI за март падна за 8,2 отсто во однос на март минатата година, што е негов најголем пад во последните 37 месеци, додека во однос на февруари годинава е намален за 4,2 отсто, што е најголем пад на месечна основа од јуни минатата година, објави Економскиот институт Загреб (ЕИЗ).

„Во првите три месеци од годинава индексот падна за 5,1 отсто во однос на истиот период лани, што е најголем пад во последните три години.

Иако побарувачката за работа падна во првиот квартал, во последните 12 месеци сезонски прилагодениот индекс е благо зголемен во однос на претходните 12 месеци, за 0,1 отсто“, се посочува во средата во соопштението на веб-страницата на ЕИЗ.

Продавач, келнер, готвач, магационер и возач сè уште се најбарани професии, како и пред една година, иако сите занимања освен готвачот забележаа намалување на бројот на огласи во март на годишно ниво и заедно придонесоа за пад во индексот за 0,6 процентни поени.