При пролетното реновирање на домот, секогаш е препорачливо да се обрне внимание на изолацијата. Правилно поставената изолација ги намалува трошоците за ладење и греење задржувајќи ја свежината во внатрешноста на домот и намалувајќи ги загубите на топлина. Поставувањето на изолација не претставува тешка задача и придонесува кон удобноста на домот со намалени трошоци за живеење.
1. Прозорци
Прозорците ја имаат главнита улога во заштедата на топлинска енергија и појавата на кондензација и влага во внатрешните простории. Загубата на топлината низ прозорците претставува повеќе од 40% од вкупните загуби на топлината од домот. Заради тоа, инвестицијата во квалитетни енергетски ефикасни прозорци е една од најисплатливите на долг рок. Од понудата на пазарот во Македонија, за вас одбравме 2 енергетски ефикасни прозорци:
- Шест коморен профил со три дихтунга – кликнете тука за повеќе детали.
- Профил со длабочина на вградување 86 mm – кликнете тука за повеќе детали.
Кога бирате нови прозорци обрнете внимание на стаклото, бидејки тоа ја има главната улога во топлотната и звучната изолација. Исто така, забележете ја и тежината на профилот на метар. Колку е поголема оваа тежина, толку повеќе материјал има во профилот, што во крајна мера е подобар параметар за квалитетот на изолацијата.
2. Ѕидови
Загубата на топлината од ѕидовите се движи меѓу 20% и 30% од вкупните загуби на топлината од домот. Квалитетот на ѕидната изолација најмногу зависи од дебелината на изолацискиот слој и од спроводливоста на користените материјали.
Како изолациски материјал најчесто се користи камена волна за ѕидови кои дишат без појава на мувла и влага, здрава клима во просторијата, фасада заштитена од пожар и долготрајност на инвестицијата. Тука најдете контактна фасада со камена волна.
Од новата генерација на градежни материјали, ги одвојуваме МГО плочите кои се изработени со помош на нови модерни технологии и се отпорни на оган, вода, инсекти и мувла. За повеќе информации, контактирајте го директно продавачот тука.
Употребата на енергетско ефикасни термоблокови при изградба овозможува добра топлотна и звучна изолација. Дополнително ќе Ви заштедат при изградбата бидејќи имаат помала потрошувачка на малтер. Најдете ги тука.
3. Поткровје
Доколку живеете во куќа или пак стан на најгорниот кат, поткровјето е едно од најважните места кои треба да се изолираат бидејки тоа е постојано изложено на надворешните атмосферски влијанија како дожд, снег, ветер и сонце. Системот за изолација на кос кров овозможува врвна топлотна заштита која претставува комбинација од камена и стаклена волна, надополнета со одлична заптивост и заштита од влијание на ветер. Ова е едно од најдобрите решенија за овој дел од домот за заштеда на енергија, а понудата од продавачот можете да ја добиете тука.
Друго решение кое исто така претставува квалитетен изолатор е и бетонска ќерамида. Оваа ќерамида претставува нова насока во покривањето на кровови кај моредните градби со чисти линии, сила и дизајн. Дознајте повеќе за овој производ тука.
4. Таван
Таванот е четвртото место на кое му е потребна изолација доколку при самата изградба на куќата или станот не е соодветно изолирано. Топлинската отпорност на изолационите материјали е директно поврзана со нивната дебелина – колку што е изолацијата подебела, толку е подобра топлинската отпорност на материјалот. Панелите од експандиран полистирен – стиропор се изработуваат во различна дебелина, па изборот можете да го направите во зависност од местото кое е потребно да го изолирате и од климатските услови каде е изграден Вашиот дом. Повеќе за неговите својства дознајте тука. Завршетокот на поставувањето на изолација на таванот можете да го направите со водоотпорни гипс картони кои покрај улогата на изолатор ќе придонесат и кон убав изглед на Вашиот таван. Најдете ги тука.
5. Подрум
Иако целата градба има добра изолација, а подрумските простории не се соодветно изолирани, тоа може да ја зголеми загубата на топлина и да се формираат таканаречени ладни мостови. Во новите градби подрумските простории се соодветно изолирани, но во постари градби изолацијата во подрумите може да претставува голем проблем. Наједонставниот и најлесниот начин да се заштитат овие простории е со премачкување на површините со хидроизолационен премаз – најдете го тука. Може и да обложите со панели од експандиран полистирен – стиропор, најдете ги тука.
Доколку поставувањето на изолацијата одлучите да го направите сами, проверете дали го имате потребниот алат кој ќе ви го олесни работењето. Доколку нешто Ви недостасува, пронајдете го потребниот рачен алат тука.