Големината на земјата не секогаш значи и големо богатство, пишува Business Insider, повикувајќи се на податоците кои ги објави Меѓународниот монетарен фонд.
Имено, ММФ двапати годишно објавува податоци за економската моќ на светските нации, при што бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител е клучната статистичка алатка.
Врз основа на објавените податоци во април, ММФ ги рангира земјите во светот според нивниот БДП врз основа на паритет на куповната моќ по глава на жител, што значи во предвид се земаат релативните трошоци за живот и стапките на инфлација на земјите за да се спореди животниот стандард помеѓу различнит нации.
Според тоа, десетте најбогати земји во светот се: