Кои се добитници на Нобелова награда за економија?

162

Абиџит Банерџи, Естер Дуфло и Мајкл Кремер се годинешни добитници на Нобеловата награда за економија за нивниот експериментален пристап за намалување на глобалната сиромаштија.

Инаку, Дуфло е втората жена која е добитник на Нобелова награда за економија, а е најмлада добитничка на оваа награда.

Банерџи, Дуфло и Кремер ќе добијат награда од 918.000 долари, златен медал и диплома.

Минатата недела беа доделени Нобеловите награди за мир, книжевност, хемија, медицина и физика.

Добитниците ќе ги примат наградите на 10-ти декември во Стокхолм, освен на добитникот на наградата за мир, кој наградата ќе ја подигне во Осло.

Фото: Twitter