Кои се главните фаворити за добивање на Нобеловата награда за економија?

41

Шведската кралска академија на науки денес во 13 часот ќе објави кој е добитник на овогодишната Нобелова награда за економија. За оваа престижна награда, оваа година во трка се универзитетски професори – Стивен Рос, Роберт Шилер, Ентони Аткинсон и Енгус Дитон, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Стивен Рос, најголемиот фаворит за добивање на овогодинешната Нобелова награда е професор за финансии на Технолошкиот универзитет Масачусетс (MTI) во Бостон, С.А.Д. Поради својот придонес во теоријата на создавањето на цените и други фундаментални концепти во областа на финансиите професорот Рос позитивно влијаеше во процесот на создавањето на теоријата на безризично создавање на цени и модели на финансиските деривати со што имаше големо влијание врз политилите на голем број на брокерски компании.

Роберт Шилер е универзитетски професор од по економија и финансии на американскиот Универзитет Јејл. Кандидат е за освојување на Нобеловата награда, поради своите истражувања во теоријата на колебливоста на финансиските пазари. Шилер е познат како експерт за бихејвиорални финансии, поточно ирационалното однесување на луѓето и финансиските пазари.

Ентони Аткинсон е професор по економија на британскиот Универзитет Оксфорд и Енгус Дитон професор од по економија на американскиот Универзитет Принстон, кандидати се поради своите истражувања поврзани за потрошувачката, приходите, штедењето и за сиромаштијата. Она што ги поврзува овие двајца професори е нивното прецизно мерење на приходите и нивната поврзаност со различни економски и социјални исходи.