Кои се македонските брендови?

77

За квалитетот на македонската храна секаде се зборува, но македонските прехранбени брендови тешко се препознаваат надвор од државата. Освен кочанскиот ориз, кривопаланечкиот мед, македонскиот ајвар и виното од Дисен, ниту еден друг производ не е меѓународно заштитен според неговото географско потекло. Прекрасните македонски сирења, галичкиот кашкавал, планинскиот чај од Галичица или некои од домашните вина се уште чекаат некој да ја започне процедурата пред домашните и меѓународните институции.

Речиси секој регион во државата дава нешто посебно, производ со уникатни каратктеристики и квалитет. Експертите порачуваат тоа да се искористи и од сите нив да се направат брендови кои кои ќе се препознава државата. Тоа не е ништо ново и досега го направиле многу земји кои имаат многу помалку адути од Македонија.

Корисниците, особено кога купуваат производ од увоз, сакаат да го знаат потеклото, а заштитените производи имаат маркетиншка предност пред другите. Тие на купувачот му нудат поголема сигурност дека купува безбеден и квалитетен производ. Многу брзо тој производ станува сининим на целата област, па и на државата. Така на пример, кога се зборува за Тоскана, веднаш се помислува на вино.