Кои се најбогатите бизнисмени во регионот според Forbes?

65

forbs region

Ивица Тодоровиќ (735 милиони евра), Миодраг Костиќ (520 милиони евра) и Санди Чешко (460 милиони евра) ја предводат овогодишната листа на Forbes на најбогати бизнисмени од регионот, пишува Јутарњи лист.

Првото место на сопственикот на Агрокор веќе со години е недостижно, а од Хрватска високо котира и сопственикот на Атлантик група, Емил Тедески, со богатство проценето на 290 милиони евра.

Кога станува збор за најбогатите бизнисмени од Македонија, кралот на челикот, Минчо Јорданов е прв на листата најбогати Македонци врз основа на пазарната капитализација на акциите што ги поседува во неколку компании. Меѓу најбогатите во Македонија е и Андреа Јосифовски, сопственик на Макпетрол.

Во Србија, Костиќ од тронот го симна Мирослав Мишковиќ, сопственик на Делта Холдинг, чии приходи значително се намалија по судскиот процес што се води против него.

forbes golema

На листата најбогати во Словенија и понатаму е Санди Чешко, сопственик на најголемата компанија за телевизиска продажба во регионот Студио Модерна. Потоа следат сопружниците Албин и Татјана Добершек, основачи на Engineering Dobersek, препознатливи по иновации и патенти.

Ново лице на листата на Forbes е Тихомир Брајковиќ од Кисељак, Босна и Херцеговина, сопственик на градежната компанија Tibre Pacific, додека Томислав Антуновиќ со компанијата AGS е меѓу најбогатите во БиХ.