Кои се најбогатите фамилии во Русија – првата тежи 5,45 милијарди долари

188

После шест години, семејството Ротенберг е повторно најбогато семејство во Русија. Најистакната фигура на ова семејство е Аркадиј Ротенберг кој е познат и како близок пријател на рускиот претседател.

Нивното богатство се проценува на 5,45 милијарди долари и се зголеми во текот на минатата година за 270 милиони долари. Ова семејство веќе беше на врвот на оваа листа во 2014 година, а тогаш нивното богатство беше 100 милиони долари поголемо од денес.

На второ место е семејството Гурјев, сопственици на компанијата PhosAgro, со 5,1 милијарди долари. Тие се на списокот за прв пат оваа година.

Поранешните лидери на оваа листа, семејството Гутсериев, сега паднаа на третото место со 3,2 милијарди долари, што е за 2,45 милијарди помалку од лани.

Ова беше под влијание на кризата предизвикана од вирусот корона, поради што бројни проекти за недвижнини значително ја изгубија својата вредност, а слабо рангирана е и нивната компанија Russneft.

По него следува семејството Шајмиев, која има удел во групата ТАИФ (нафтен сектор, хемиска индустрија). Станува збор за семејството на поранешниот претседател на Татарстан, Минтимир Шајмиев, чии синови се најбогатите бизнисмени во таа република, пренесува Спутник.

Според Forbes, богатството на десетте најбогати семејства во Русија се зголемило за 1,5 милијарди долари и сега изнесува 26,8 милијарди.
Фото: Freepik