Кои се најбогатите жени во светот – Бетенкур Маерс со богатство од 99,5 милијарди долари

39

Во моментов во светот има 2.781 милијардери чие вкупно богатство вреди 14,2 трилиони долари. Форбс ја објави својата традиционална годишна листа на најбогати луѓе во светот, а добар дел од листата оваа година беше составена од жени.

Тие доаѓаат од повеќе индустрии, од рударство до коцкање, преку индустријата за убавина и ИТ, а подолу погледнете ги првите 10 најбогати жени од листата.

10) Абигејл Џонсон (29 милијарди долари)
Абигејл Џонсон е 10-та најбогата жена во светот благодарение на нејзиното богатство од 29 милијарди долари. Тоа ја става на 58. најбогато место на вкупната листа.

Таа е извршен директор на гигантот за управување со фондови Fidelity Investments од 2014 година кога ја презеде функцијата од нејзиниот 84-годишен татко Нед. Дипломирала на Харвард и се приклучила на Фиделти Инвестментс во 1988 година како аналитичар.

Таа поседува 28,5 отсто од акциите во компанијата која управува со вкупна актива од 4,5 трилиони долари.

9) Џина Рајнхарт (30,8 милијарди долари)
Најбогатата Австралијка Џина Рајнхарт седи на богатство од 30,8 долари, со што оваа година стигна до 56. место на листата.

Откако во 1992 година стана претседател на одборот на директори на компанијата на нејзиниот татко, таа постепено го изгради Хенкок проспектинг, рударски конгломерат во кој има удел од дури 76,6 отсто. Во рамките на конгломератот, најголемиот рудник е Рој Хил во Западна Австралија. Тие работат и во земјоделството.

8) Миријам Аделсон (32 милијарди долари)
Физичарката Миријам Аделсон може да се пофали со богатство од 32 милијарди долари.

Таа е родена во Израел пред 78 години и е вдовица на Шелдон Делсон, поранешен извршен директор и претседател на Одборот на директори на Лас Вегас Сандс, компанија за казино, кој почина во 2021 година.

7) Рафаела Апонте-Дијамант (33,1 милијарди долари)
Рафаела Апонте-Дијамант, родум од Женева, Швајцарија, се најде на листата на 48. место.

Со 50 отсто удел во најголемата бродска компанија MSC. Таа влезе во бизнисот со нејзиниот сопруг, кој со неа дели удел во MSC, уште во 1960-тите кога го купија својот прв брод заедно. До 1979 година, двојката контролираше 17 бродови и бизнисот продолжи да расте.

Таа е ќерка на израелски банкар, седи во одборот на фондацијата МСЦ и, како што вели, е задолжена за украсување на бродовите.

6) Савитри Џиндал (33,5 милијарди долари)

Најбогатата Индијка Савитри Џиндал контролира 33,5 милијарди долари и се наоѓа на 46-то место.

5) Мекензи Скот (36,5 милијарди долари)
Поранешната сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот има богатство вредно 36,5 милијарди долари и се наоѓа на 43-то место на најбогати луѓе во светот.

По 25 години брак со основачот на Амазон, таа си замина со удел од 4 отсто во онлајн платформата.

Таа неодамна ја основаше Yield Giving, веб-страница која даде околу 17,3 милијарди долари на 2.300 непрофитни организации.

4) Жаклин Марс (38,6 милијарди долари)
Со богатство од 38,5 милијарди долари се наоѓа на 35. место на листата на најбогати.

Нејзиниот дедо, Френк Марс, започнал бизнис со чоколади во Такома во 1911 година. Осумнаесет години подоцна, тие создадоа карактеристичен рецепт за нугат кој сè уште го јадеме денес во чоколадните Milky Way и Snickers.

Жаклин моментално контролира една третина од слатката империја на Марс, и беше директно вклучена до 2016 година кога нејзиниот син го презеде одборот.

3) Џулија Кох (64,3 милијарди долари)
Дваесет и третото место на листата ѝ припаѓа на Џулија Кох, која со своите деца наследи 42 отсто од акциите во Кох Индустри откако нејзиниот сопруг Дејвид Кох почина во 2019 година. Во моментов со него претседава Дејвид. Фондацијата H. Koch, непрофитна организација која донира и инвестира во науката, медицината, образованието, јавните политики…

2) Алис Волтон (72,3 милијарди долари)
Ќерката на основачот на Волмарт, Сем Волтон, Алис Волморт се најде на 21. место на листата на најбогати. Нејзиното богатство се искачи на 72,3 милијарди долари.

Алис од мали нозе собирала уметност, а во 2011 година го основала музејот на американската уметност Кристал Бриџис. Медиумите пишуваат дека таа во таа институција досега инвестирала околу 300 милиони долари.

1) Франсоа Бетенкур Маерс (99,5 милијарди долари)
Најбогатата жена на светот во моментов, внуката на основачот на Лореал, Франсоа Бетенкур Маерс тежи 99,5 милијарди долари и моментално е 15-та најбогата личност во светот.

Оваа Французинка контролира една третина од Лореал со своето семејство, кое го наследи по смртта на нејзината мајка во 2017 година. Во управниот одбор на компанијата е од 1997 година.