Кои се најголеми производители на чоколадо во светот

198

И да не постои човек на планетата кој барем еднаш не посакал да се заслади со коцка млечна, темна, полнета со крем или овошен фил… нејзиното величество чоколадата.

Сигурно се прашувате кои се најголемите компании што произведуваат чоколадо во светски рамки.

Според остварените приходи во 2018 година, најголем производител на чоколадо е Mars Wrigley Confectionery, со 18 милијарди долари.

Со 12,3 милијарди долари приходи, на второ место се позиционира италијански Ferrero Group, додека на трета позиција е американски Mondelez International со 11,7 милијарди долари.

Меѓу 10-те најголеми производители на чоколадо влегуваат и: јапонски Meiji Co (9,6 милијарди долари приходи), американски Hershey (7,7 милијарди долари), Nestle SA од Швајцарија (6,1 милијарди долари), Chocoladenfabriken Lindt&Sprungli, исто така од Швајцарија, (4,3 милијарди долари), јапонски Ezaki Glico (3,3 милијарди долари), британски Pladis (2,8 милијарди долари) и Kellogg од САД (1,8 милијарди долари).

Фото: Pexels