Кои се најголемите романски фирми?

41

omv-petrom

Нафтената компанија OMV Petrom веќе десет години по ред е највредната романска фирма. Според новите податоци, пазарната капитализација на компанијата изнесува 4,1 милијарди евра. По неа следуваат уште две фирми во државна сопственост, активни во секторот енергетика – произведувачот на електрична енергија Hidroelectrica со пазарна вредност проценета на 2,55 милијарди евра и произведувачот на гас Romgaz, со пазарна капитализација 2,54 милијарди евра, пишува романскиот Ziarul Financiar, пренесува Банка.хр.
На четврто место е телекомуникацискиот оператор Orange Romania, а на петто инвестицискиот фонд Fondul Proprietatea.
Меѓу десетте најголеми доминираат компании од секторот енергетика, телекомуникации и од банкарскиот сектор.