Кои се најголемите трговски партнери на Кина?

124

Кина е земја којашто е најмоќен трговски лидер, а нејзиниот извоз достигна вредност од 2,5 илјади милијарди долари.

Меѓу земјите каде што Кина најмногу извезува, според порталот Howmuch.net, се: САД (481 милијарди долари), Хонг Конг (304 милијарди долари), Јапонија (148 милијарди долари), Јужна Кореја (110 милијарди долари) и Виетнам (84 милијарди долари).

Од друга страна, Кина најмногу увезува од: Јужна Кореја (203 милијарди долари), Јапонија (180 милијарди долари), Тајван (177 милијарди долари), САД (156 милијарди долари) и Германија (106 милијарди долари).

Кога станува збор за трговијата меѓу Македонија и Кина, оваа азиска земја од кај нас увезла стоки во висина од 49 милиони долари, а извозот од Кина во Македонија е на ниво од 108 милиони долари.

Фото: Pexels