Кои се најиновативни компании во светот?

28

Фото: Pixabay

Google, Amazon, Apple, Microsoft, Samsung… ова се петте најиновативни компании во светот според истражувањето на Boston Consulting Group (BSG).

Оттаму нотираат дека за прв пат по 13 години се менува компанијата што е на лидерската позиција. Google е прв, зад него е Amazon, со што Apple се симнува од тронот на којшто се позиционираше уште од 2005 година.

Вообичаено, најиновативни се технолошките компании, бидејќи во првите 10 ги има вкупно девет. Единствена компанија што не е технолошка, а е во првите 10 во светски рамки е Adidas.

На листата најиновативни има вкупно 50 компании, а на “дното“ се најдоа: BP, Daimler, Huawei, Rio Tinto и Hilton.

Од сите овие компании, 13 се на стариот континент – девет од Германија, три од Холандија и една од Франција.