Кои се најмизерни земји во светот?

29

Фото: Pixabay

Што е заедничко за овие 11 земји: Венецуела, Аргентина, Јужна Африка, Турција, Грција, Украина, Шпанија, Уругвај, Бразил, Србија и Саудиска Арабија? Тоа се земји што се наоѓаат на врвот на листата на Bloomberg според индексот на мизерија (Bloomberg misery index) за 2018 година.

Во истражувањето се опфатени 62 земји, а индексот на секоја земја е збир од стапката на инфлација и на невработеност.

Од друга страна, земји со најнизок индекс, односно најсреќни земји се: Тајланд, Сингапур, Јапонија, Швајцарија, Данска, Малезија, Израел, Тајван, Исланд и Еквадор.