Кои се најотворени економии во светот

52

Фото: Pixabay

Северна Македонија е 59-та на листата на глобалниот индекс за отвореност на економијата, што го објавува британската фондација Legatum Institute.

Минатата година земјава се позиционираше на 48-мо место, што за оваа година значи пад од девет позиции.

На врвот на листата се најдоа овие најотворени економии: Хонг Конг, Сингапур, Холандија, Швајцарија и Данска.

Од земјите во регионот најдобро позиционирана е Словенија, којашто е на 34-то место, а потоа следуваат: Грција (42), Црна Гора (48), Хрватска (49). Зад нас се најдоа: Турција (63), Албанија (64), Србија (65).

На дното на листата, како најмалку отворени економии, од вкупно 157 земји се најдоа: Венецуела, Централна Африканска Република, Јемен, Конго и Чад.

Степенот на отвореност на една економија се утврдува врз основа на фактори што влијаат на способноста за трговија на земјата, како на домашен така и на меѓународен план.