Koи се најплатени директори во светот – месечна плата од 900 милиони денари

87

Чед Ричисон е основач и извршен директор на американската софтверска компанија  Paycom. Станува збор за брзорастечка компанија што нуди софтверски решенија за управување со човечки ресурси и плати во фирмите. Само минатата година акциите на компанијата пораснале за околу 70%, а во последните пет години за над 1.000%.

Ричисон лани заработил 211,1 милиони долари и бил најплатен директор во светот. Тоа значи дека Ричисон добива просечна месечна плата од скоро 900 милиони денари. На второ место се наоѓа извршниот директор на General electric, Лоренс Калп, со годишна плата од 73,2 милиони долари.

Најплатени 10 директори во светот во 2020 година

1. Чед Ричисон, Paycom – 211,1 милиони долари
2. Лоренс Калп, General electric – 73,2 милиони долари
3. Џон Донахју, Nike – 53,5 милиони долари
4. Шантану Нарајен, Adobe – 45,9 милиони долари
5. Сатја Надела, Microsoft – 44,3 милиони долари
6. Томас Ратлеџ, Charter comm – 38,8 милиони долари
7. Дејвид Геклер, Western digital – 35,7 милиони долари
8. Хамид Могадам, Prologis – 34,4 милиони долари
9. Кевин Кларк, Aptiv – 31,3 милион долари
10. Семјуел Хејзен, HCA healthcare – 30,4 милиони долари

Фото: Pixabay