Кои се најпопуларни интернет страници во последните две децении?

106

Денес отвораме и користиме безброј интернет страници како извор на информации. Во последните две децении многу нешта се променија во интернет просторот, па така Data is beautiful направи интересна инфографика за тоа кои биле најпопуларните интернет страници од 1996-та до 2019-та година.

Во јануари далечната 1996-та година, трите најпопуларни интернет страници биле: Aol (90,4 милиони посети), Yahoo (34,7 милиони посети) и Geocities (18,6 милиони посети).

Десет години подоцна, односно во јануари 2006-та година, три најпопуларни интернет страници се: Yahoo (5,7 милијарди посети), Google (4,3 милијарди посети) и Aol (две милијарди посети).

Во јануари 2016-та година, трите најпопуларни интернет страници во светот се: Google (33,7 милијарди посети), Facebook (26,4 милијарди посети) и YouTube (24,6 милијарди посети).

Во октомври оваа година, ситуацијата е следна: Google (77 милијарди посети), YouTube (27,7 милијарди посети) и Facebook (23,5 милијарди посети).

Фото: Pexels