Кои се најпопуларните марки на автомобили во Европа

172

Tesla можеби го има најпродаваниот модел во првата половина од годината, но е далеку зад Volkswagen кога станува збор за вкупната продажба на автомобили.

Во првата половина на 2023 година, во Европа се регистрирани 6,56 милиони нови автомобили, што е за 17 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2022 година (5,59 милиони единици).

На врвот на листата се најде Tesla Model Y, кој забележа пораст на бројот на продадени единици за над 200%, претекнувајќи ги моделите Dacia Sandero и Volkswagen T-Roc, како и Peugeot 208 – лидерот од 2022 година.

Volkswagen ја зацврсти својата позиција меѓу производителите и има значителна предност во однос на второпласираната Toyota, додека на третото, изненадувачки, е Audi.

Погледнете ја листата на топ 25 најпродавани брендови на автомобили во Европа во првата половина на 2023 година:

1. Volkswagen (694.176 продадени автомобили)

2. Toyota (417.220)

3. Audi (374.435)

4. Peugeot (356.135)

5. Mercedes (353.822)

6. BMW (352.931)

7. Renault (349.770)

8. Škoda (339.382)

9. Ford (293.020)

10. Dacia (291.940)

11. Kia (287.775)

12. Hyundai (268.083)

13. Opel/Vauxhall (240.917)

14. Fiat (196.901)

15. Citroen (195.670)

16. Tesla (185.238)

17. Nissan (147.822)

18. Volvo (143.843)

19. Seat (133.126)

20. MG (104.293)

21. Cupra (93.177)

22. Mazda (92.733)

23. Mini (91.660)

24. Suzuki (90.469)

25. Jeep (63.928)