
Македонската берза во декември беше во знакот на ‘големата петорка’. Најновиот статистички билтен открива кои се најтргуваните акции на официјалниот пазар.
Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, НЛБ Банка и Реплек се издвоија како најатрактивни за инвеститорите, доминирајќи и во обемот на тргување и во бројот на реализирани трансакции, покажува најновиот Месечен статистички билтен.
Со акциите на Комерцијална Банка направени се 430 трансакции, со просечна цена од 27.717,23 денари и промет од 1.734.087 евра.
По нив со 292 трансакции со просечна цена од 25.182,13 денари и промет од 951.341 евра следат акциите на Алкалоид Скопје, а зад нив со 92 трансакции со просечна цена од 114.832,94 денари и промет од 499.965 евра се акциите на Макпетрол Скопје.

Меѓу петте најтргувани акции се најдоа и акциите на НЛБ Банка Скопје со 67 трансакции со просечна цена 56.822,43 денари и промет од 345.287 евра и Реплек Скопје со остварени 93 трансакции со просечна цена од 16.166,86 денари и промет од 287.476 евра.











