Македонија се најде на 41-вото место според индексот на економски слободи на фондацијата Heritage за оваа година, додека лидер на листата е Сингапур.
“Оценката на економските слободи во Северна Македонија е 69,5 со што оваа економија се најде на 41-во место. Вкупниот резултат е намален за 1,6 поени, што е предизвикано од пад на ефикасноста на судскиот систем. Земјата го зазеде 23-тото место од 45 земји во Европа. Потпирањето на владата на високото ниво на јавни средства за финансирање на јавни инфраструктурни проекти и поддршка на социјалните програми ја намалува нејзината ефикасност. Од друга страна, земјата оствари значајна цел, промоција на странските директни инвестиции во земји што се извозно ориентирани, може да биде потти за поголеми напори за борба против корупцијата“, се нотира во извештајот.
Според овој индекс, шест економии се најдоа меѓу најслободните во светски рамки: Сингапур, Хонг Конг, Нов Зеланд, Австралија, Швајцарија и Ирска.
Вкупно 30 земји се најдоа во втората група на воглавно слободни економии. Лидери на листата се: Велика Британија, Данска, Канада, Естонија и Тајван. Додека од земјите во регионот во оваа група е само Бугарија, којашто се најде на 36-та позиција.
Во нашата група на умерено слободни економии има вкупно 61 земја. Првите пет на оваа листа се: Романија, Казахстан, Боцвана, Македонија и Малта. Од земјите во регионот се најдоа: Словенија (52), Косово (53), Албанија (57), Србија (65), Босна и Херцеговина (82), Хрватска (84) и Црна Гора (91).
Од вкупно 180 земји во светот, на дното на листата, како репресивни економии се најдоа: Северна Кореја, Венецуела, Куба, Еритреја и Конго.
При оценка на економските слободи на една земја се оценуваат повеќе фактори, меѓу кои: право на сопственост, ефикасен судски систем, интегритет на владата, даночно оптоварување, владина потрошувачка, фискална стабилност, слобода на трудот, монетарна слобода, слободна трговија…
Фото: Pixabay