Кои се најтргувани акции на берзата во ноември?

31

Акциите на Комерцијална банка, Макпетрол и Алкалоид се трите најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза, покажува Месечниот статистички билтен.

Со 422 трансакции и 34,36% учество во прометот, акциите на Комерцијална банка се најтргувани на официјалниот пазар на берзата во ноември. Втори најтргувани се акциите на Макпетрол со реализирани 186 трансакции и 15,73% учество во прометот на берзата. На трето место се најдоа акциите на Алкалоид со 187 трансакции и 13,63% учество во вкупниот промет на официјалниот пазар на Македонска берза.

Најголем раст на официјалниот пазар имаат овие акции: Скопски пазар – приоритетни акции (18,18%), Комерцијална банка (10,50%), Цементарница Усје (8,89%), ТТК Банка (8,24%) и Уни Банка (6,98%).

Најголем пад во ноември забележаа акциите на: Лотарија на Македонија (-66,67%), Жито Лукс (-23,33%), Макошпед (-12,50%), Попова Кула Демир Капија (-12,50%) и РЖ Институт (-10,89%).

Пазарната капитализација во ноември се позиционираше на 182.367.190.332 денари или 2,52% помалку во однос на претходниот месец. Прометот во пресметковниот период изнесуваше 664.857.099 денари, што е намалување од 2,42% во однос на октомври. Пад од 18,63% има кај бројот на трансакции, што во ноември достигна 1.446. Индексот МБИ10 заврши на 4.468,50 поени, што претставува скок од 4,57% во споредна со претходниот месец.

Фото: Pixabay