Amazon конечно ги “симна“ Apple и Google од врвот, коишто 11 години беа на првото и второто место на листата Највредни глобални брендови според BrandZ. Вредноста на брендот Amazon забележа скок од 52% споредено со минатата година и со тоа си го обезбеди приматот на листата.
Луксузните брендови Louis Vuitton и Chanel, исто така, бележат големо искачување, а во топ десет сè уште доминираат технолошки компании.
Веб страната BrandZ, којашто прави истражувања на пазарот на глобално ниво, за потребите на оваа листа комбинираше финансиски и пазарни податоци за брендовите заедно со резултати од анкети во коишто беа вклучени четири милиони купувачи од 51 земја.
Еве кои брендови се најдоа во топ десет.
Amazon – САД
Вредност на брендот 315.505 милиони долари
Apple – САД
Вредност на брендот 309.527 милиони долари
Google – САД
Вредност на брендот 309.000 милиони долари
Microsoft – САД
Вредност на брендот 251.244 милиони долари
Visa – САД
Вредност на брендот 177.918 милиони долари
Facebook – САД
Вредност на брендот 158.968 милиони долари
Alibaba – Кина
Вредност на брендот 131.246 милиони долари
Tencent – Кина
Вредност на брендот 130.862 милиони долари
McDonald’s – САД
Вредност на брендот 130.368 милиони долари
AT&T – САД
Вредност на брендот 108.375 милиони долари
Фото: Pixabay