Кои се “најзелени“ градови во САД

22

Веб страната WalletHub, ги рангираше 20-те најзелени градови во САД. За потребите на анализата беа земени податоци од 100-те најголеми американски градови.

Вкупно 28 клучни индикатори за одржливост помогнаа за добивање на финалните резултати, а истите беа поделени во четири области: околина, транспорт, извори на енергија и стил на живот.

Се пресметуваа повеќе фактори како квалитетот на воздухот, индексот на пешачење и возење велосипед, квалитетот на водата, зеленилото и забрана за пластични кеси.

Калифорнија со дури десет градови води на топ 20 листата, а еве кои американски метрополи се најдоа во Топ десет.

1. Сан Франциско, Калифорнија
2. Сан Диегo, Калифорнија
3. Ирвин, Калифорнија
4. Вашингтон, Вашингтон 
5. Сан Хозе, Калифорнија
6. Сиетл, Вашингтон 
7. Фримонт, Калифорнија
8. Сакраменто, Калифорнија 
9. Портланд, Калифорнија
10. Oкланд, Калифорнија 

Фото: Pexels