Кои се наследниците на некои од најбогатите луѓе во светот?

27

Овие луѓе не мора да се грижат за својата иднина, тие ќе наследат или веќе наследиле огромно богатство од своите родители. Еве неколку од најбогатите наследници во светот.

Делфин Арно

OB-WF702_mag031_OZ_20130204200917

Таткото на Делфин, Бернард Арно е сопственик на Групацијата LVMH во чие портфолио се вклучени Louis Vuitton, Moët, Hennessy, Marc Jacobs, Dior и други модни куќи. Богатата наследничка е инволвирана во колекциите со чевли и чанти во Dior, а соработува со многу познати дизајнери.

Сем Бренсон

richardbranson

Сем е син на Ричард Бренсон, човекот зад Virgin Records, Virgin Books, Virgin Atlantic Airways, Virgin Mobile и Virgin fuels, чие богатство се проценува на 3,8 милијарди долари.

Шарлин де Карвало-Хајнекен

Charlene-de-Carvalho-Heineken

Шарлин стана најбогатата жена во Холандија по смртта на нејзиниот татко Алфред Хајнекен во 2003. Наследничката на познатиот светски производел на пиво тежи повеќе од 7 милијарди долари.

Синовите на ИКЕА

broderna_Kamprad

На чело со Ингвар Кампрад, ИКЕА е најголемиот производител на мебел во светот остварувајќи профит од 28 милијарди долари годишно во светски размери. Трите синови на Ингвар, кои моментално се членови на бордот на директори во компанијата, се очекува да наследат десетици милијарди долари од бизнисот.

Адитја Митал

aditya-mittal-ok

Адитја е наследник и главен финансиски директор на индиската компанија за челик Arcelor Mittal Steel (Арчелор Митал). Тој одигра главна улога во превземањето на европскиот бизнис со челик Арчелор, што чинеше 38 милијарди долари.

Иванка Трамп

1.8.2-IvankaTrump-Header

Ќерката на Доналд Трамп, Иванка Трамп, заедно со нејзините двајца браќа, ќе го наследи големото богатство на својот татко, како и недвижностите и средствата од шоу бизнисот. Таа е потпретседател за развој на недвижен имот и превземања на Trump Organization.

Алегра Версаче

F248A9F6F6B28F674A78E044B29A93

Младата Алегра, ќерката на Донатела Версаче е веќе сопственичка на наследство вредно повеќе од 700 милиони долари. Таа моментално живее во Италија заедно со нејзината мајка и е многу активна во промовирање и зачувување на репутацијата на брендот.

Ајрин Лаудер Зинтерхофер

img-1111vowell2702_13530125083

Ајрин е внука на Есте Лаудер, големото име во козметиката, таа е гласноговорник за компанијата и е исто така вклучена во одделот маркетинг и глобално инвестирање. Денес Estee Lauder се состои од 19 брендови вклучувајќи ги Clinique, Prescriptives, Aveda, MAC и Origins.