Од 2003 година, Forbes ја следи работата на најголемите светски компании, мерејќи ги нивните перформанси врз основа на четири критериуми: вредност на активата, пазарната вредност, продажбата и профитот и ги котира на својата листа Global 2000.
Минатата година, листата ги покажа контурите за тоа како пандемија ќе влијае врз бизнисот на најуспешните компании во светот, а на годинашната листа се гледаат резултатите од 12-месечниот пад на пазарот, пишува Forbes.
Резултатите генерално не се лоши. Глобалниот пазар на акции порасна за околу 48% минатата година и иако профитот и продажбата паднаа минатата година, вредноста на активата и пазарната вредност на компаниите од списокот на Global 2000 се зголемија.
Најниската вредност потребна за компанијата да се најде на листата оваа година изнесуваше 8,26 милијарди долари, што е за околу три милијарди долари повеќе од минатата година.
Топ 10 најголеми компании во светот
На првите 10 места на листата на најголеми компании во светот, има пет американски, четири кинески и една компанија од Саудиска Арабија. Подредени се по следниот редослед:
- ICBC – Кина
- JPMorgan Chase – САД
- Berkshire Hathaway – САД
- China Construction Bank – Кина
- Saudi Aramco – Саудиска Арабија
- Apple – САД
- Bank of America – САД
- Ping An Insurance Group – Кина
- Agricultural Bank of China – Кина
- Amazon – САД
Фото: Freepik











